ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ„ДОЖИВУВАЊЕ НА ВТОРА МЛАДОСТ ВО ТРЕТО ДОБА“ ОДРЖАНА ОБУКА НА ТЕМА „ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА И ПИСМЕНОСТ НА СТАРИ ЛИЦА“
Фондација Аполонија – Гевгелија го спроведува проектот „ДОЖИВУВАЊЕ НА ВТОРА МЛАДОСТ ВО ТРЕТО ДОБА“ во општина Гевгелија кој што е во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 ReLOad2, финансирана од Европската унија, а спроведена од Програмата за развој на Обединети нации (УНДП).
Главната цел на проектот е зголемување на социјалната инклузија и подобрување на квалитетот на живот на старите лица, активно стареење и поттикнување на меѓугенерациска солидарност во општина Гевгелија.
За остварување на оваа цел во рамки на проектот се планирани повеќе активности меѓу кои и реализација на еднодневна обука за дигитална писменост.
Темата на денешната обука, која се одржа во Фондација Аполонија – Гевгелија беше: „Дигитална инклузија и писменост на стари лица“
На оваа обука од страна на ИТ експерт се информираа старите лица за предностите и можностите што ги нуди употребата на новите информатички технологии, но и за најчестите предизвици кои ги спречуваат да ги искористат сите предности на модерната технологија.