ВО ПРОДАЖБА СЕ И БИЛЕТИ ЗА НАПЛАТА НА ПАРКИНГ ЗА ЗОНАТА „А“

Билетите за наплата на паркинг во подзоните А1 и А2 може да ги набавите во трговските продажни места со видливо изложена налепница “П” (P) со грбот на Општина Гевгелија и логото на ЈПКД Комуналец (од сликата во прилог).
Цената на Билетот за паркинг за А зоните изнесува 30 денари за 1 час паркирање.
Исто така, Ве потсетуваме дека времето на паркирање во подзоните А е ограничено на 2 часа во текот на еден ден (од 7:00 до 21:00 часот во работните денови, односно од 7:00 до 17:00 часот во саботите).
По истекот на максимално дозволените 2 часа во подзоните, возилото треба да се отстрани од подзоните А.
Ви напоменуваме дека Билетот за паркинг мора да биде видливо поставен на предното ветробранско стакло и задолжително одбележан со точен датум и точно време на отпочнување на времето за паркирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *