ВО ООУ „ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ“ СТАВЕНА Е ВО ФУНКЦИЈА ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА.
Во пресрет на учебната 2024/2025 година во ООУ „Владо Кантарџиев“ е ставена во функција фотоволтаична централа која содржи 72 панели (Longi) со поединечна моќност 585w или вкупна моќност од 42kW и Инвертери (Sungrow) со моќност од 36kW.
Фотоволтаичната централа на годишно ниво ќе произведува 50 000 kWh што ќе ги задоволува во целост потребите на училиштето.
Фотоволтаичната централа е донација од Гевгелиската фирма “Елмотерм”.