ВО КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И МОТО КЛУБ “РЕТКИ ПТИЦИ ГББ” СОБРАНИ 38 КРВНИ ЕДИНИЦИ
Вчера, понеделник, 11 декември 2023 година, Црвен крст Гевгелија и Мото клубот “Ретки птици ГББ” – Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираа успешна крводарителска акција.
Во периодот од шест часа, во просториите на Пионерскиот дом, вкупно крв даруваа 38 крводарители.
На граѓаните кои даруваа крв во знак на хуманиот чин им беа доделени симболични подароци – маици со мотото на акцијата “Надеж” и производи од компанијата “Пајдаков” – Гевгелија.