Денес околу 12 часот во Крушево пристигнаа учесниците во ултрамаратонот, кој во чест на Тоше Проески по 14 пат се трчаше и оваа година. Ултрамаратонците беа пречекани од стотици граѓани на Крушево со рози во рацете, кои ги оставаа покрај патот при поминувањето на учесниците во ултрамаратонот. Тие на Гумење се поклонија, и положија цвеќе во спомен обележјето на прерано починатиот македонски ангел.
Петмината ултрамаратонци Тоше Анчев, Наум Капричевски, Никола Гелов, Фидан Арсовски и Александар Митревски, го започнаа од Нова Градишка 900 километри долгиот, традиционален маратон наречен „Спомен на Тоше Проески“ до македонскиот град Крушево, неговото последно почивалиште.