ВО КИНА ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ ОД НОВООТКРИЕН ЧОВЕЧКИ ВИД. ДАЛИ ОВОЈ „ЧОВЕК ЗМЕЈ“ Е ПОВЕЌЕ ПОВРЗАН СО НАС ОТКОЛКУ НЕАНДЕРТАЛЦИТЕ?

Научниците во петокот објавија дека черепот пронајден во североисточна Кина е новооткриен човечки вид, кој го нарекоа Хомо лонги. „Човек змеј“, тврдејќи дека тој е повеќе поврзан со нашиот отколку со неандерталците.
„Според нашата анализа, потеклото на коските од Харбин е повеќе поврзано со хомо сапиенсот отколку со неандерталците, односно видовите од Харбин имаат повеќе заедничко со нас отколку неандерталците“, изјави за Франс Прес палеоантропологот Крис Стрингер од музејот за природна историја во Лондон.
„Ако на нив се гледа како на посебен вид, тогаш ова е нашиот сестрински вид, најблискиот вид“, рече британскиот научник.
Пронајдениот череп е стар најмалку 146 000 години и датира од средниот плеистоцен, а резултатите од неговата анализа се објавени во три труда во „Иновација“.
Големината на мозокот во внатрешноста на черепот можеби e слична на онаа на современиот човек, но очите се подлабоки, а забите се поголеми, веѓите подебели и устата поширока.
Научниците веруваат дека коските на черепот му припаѓаат на маж стар 50-тина години, кој живеел во пошумена, поплавена област.
„Овие луѓе беа ловци и собирачи кои живееле од околината “, рече Стрингер. „Со оглед на денешните зимски температури во Харбин, се чини дека тие се справиле подобро со поголемиот студ од неандерталците“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *