ВО ЈУНСКИОТ УПИСЕН РОК, ЗАПИШАНИ 174 УЧЕНИЦИ ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ – ГЕВГЕЛИЈА
Во трите рока за упис на ученици во прва година во средно образование, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, во јунскиот уписен рок, се запишале вкупно 174 ученици. Согласно распишаниот конкурс примени се: 60 ученика за гимназиското образование, 23 за физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра, 35 за економски техничар, 25 за хотелско-туристички техничар, 10 за готвач-келнер и 21 ученик за машински техничар за моторно возило.
За струката автомеханичар/заварувач, како што информираа од Средниот училишен центар, во јунскиот уписен рок не е запишан ниту еден ученик.
Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени денеска, четврток, 1 јули, 2021 година.
Инаку, според Конкурсот, вкупно 286 ученика во 10 паралелки можат да се запишат во СОУ„ Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, каде од оваа година се воведува и Здравствена струка со образовен профил физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра каде треба да се примат 25 ученика. Освен за ова струка, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ по 50 места има за: Угостителко – туристичка струка, Машинската струка и Економско – правната. Додека, за Гимназиско образование има места за 102 ученика во 3 паралелки и една со 34 ученика која ќе биде македонско – француска билингвална паралелка.