ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ГЕВГЕЛИСКО, 46 ЛИТРИ НА МЕТАР КВАДРАТЕН

Според мерните инструменти на повеќето плантажи во гевгелискиот крај, во изминатите 24 часа се наврнати 46 литри на метар квадратен, а не како што стои во информацијата на УХМР дека изминатото деноноќие најмногу дожд има наврнато во Дојран, 16 литри на метар квадратен, а најмалку во Пожаране и Гевгелија, еден литар на единица површина.
 
Според радарските снимки од метео центарот Ѓуриште, најинтензивни врнежите во гевгелиско биле во времето од 15,45 до 17,30 часот,
Во гевгелискиот регион се забележани врнежи на град во Миравци и Милетково, додека во градот и околината силното невреме нема причинето позначителни штети, освен некои поплавени улици.
 
Невремето што вчера ги зафати гевгелиско струмичко, валандовско и дојранското подрачје најмногу штети предизвика во валандовскиот регион. Во валандовско силниот ветар проследен со дожд и град искорна и искрши дрвја, однесе повеќе покриви, откорна пластеници на земјоделски насади, урна соларни системи, а паднатите дрвја предизвикаа штети кај повеќе автомобили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *