ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА РЕГИСТРИРАНИ 188 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

ВО КОВИД МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ИСПОЛНЕТИ 10 ОД 15 ЛЕГЛА.

 

За само една недела, од 14-ти до 20 јануари, во општина Гевгелија се регистрирани 188 нови случаи на Ковид-19.

Како резултат на големиот наплив на новозаразените, како и на оние граѓани кои побарале преглед во дневната модуларна болница, на невропсихијатриското одделение  е исполнет бројот на леглата, вкупно 12,  па поради тоа, велат од Општата болница повторно е отворен хоспиталниот дел од ковид модуларната болница, каде во моментот се пополнети 10 кревети, а остануваат слободни уште 5 легла.

За разлика од  јануари минатата година кога во Општина Гевгелија вкупната бројка на заболени изнесуваше 964, а активни случаи беа 113, денес, 21   јануари 2022 година Гевгелија ја дочекува со вкупна бројка на заболени од 3336  а активни се   300 случаи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *