ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРВАТА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ” НА СИЛА ОЖЕНУВАЊЕ” Е ПРИКАЖАНА ВО 1908 ГОДИНА ВО САЛАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ЦРКВАТА “СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ”
Во времето од 1908 до 1912 година, за прв пат во градот започнале да се прикажуваат театарски претстави, чиј носител била учителската интелегенција.Во летото на 1908 година, по иницијатива и раководство на Васил Дудуклиев, тогашен студент по медицина во Бејрут, била прикажана пиесата “На сила оженување”. Наредната,1909 година се основала и театарска група, која ги прикажувала претставите во основното училиште кај црквата Свети Кирил и Методиј. Тука се прикажале “Ревизор” од Гогољ, “Разбојници” од Шилер и други. Сите овие дела се прикажувале на локален говорен јазик. На претставите доаѓале и младотурски чиновници и офицери. Во театарската група се истакнувале учителите Илија Колев, Ристо Урумов, Благој Тошоќаев, Кирил Поп Иванов, Стојко Зафоров, Софија Карајанова, Вера Куслева, Олимпија Батанџиева и Венера Савева.