ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРЕЗЕНТИРАН ВТОРИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ НА ЛОКАЛНО НИВО

Карванот за презентација на вториот јавен повик за социјални услуги на локално ниво денеска беше во Гевгелија. Претставници на Проектот за подобрување на социјалните услуги, пред Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претставниците на општините и невладините и граѓанските организации од Југоисточниот плански регион, ги презентираа роковите и постапката за идно аплицирање за грантовите, а беа изнесени и бенефитите за развој на социјалните услуги во локалните заедници за да се поттикне интересот за учество на општините од регионот.
 
Обраќајки се на присутните, градоначалникот Сарамандов го искажа своето задоволство што Гевгелија е домаќин на овој настан, со напомена дека социјалните услуги се дел од јавните услуги преку кои се јакне заедницата а се промовира еднаквоста на сите граѓани.
Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Преку овој проект со доделување на грантови ќе се придонесе за проширување на понудата на социјалните услуги. 
 
Идејата е преку овој проект во рамки на севкупната социјална реформа да се креираат нови социјални услуги, да се подобри нивниот квалитет и да се зголеми опфатот на корисници.
По завршувањето на овој процес ќе биде отворен јавниот повик за доделување грантови на општините. Заинтересираните општини за учество ќе добијат и бесплатна експертска помош за подготовка на проектните предлози.
 
Досега, преку првиот јавен повик за доделување грантови се реализираа 22 проекти во 27 општини. Од нив, 16 се за помош на нега во домот, три се дневни центри за деца со попреченост, а по еден проект е наменет за помош на стари лица во дневен центар и рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина со услуги за советување. Преку овие услуги опфатени се повеќе од 546 корисници, а дополнителен бенефит е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *