ВО ГЕВГЕЛИЈА ДО 10 СЕПТЕМВРИ ВАКЦИНИРАНИ 11.561 ЛИЦЕ, РЕВАКЦИНИРАНИ 8547 ЛИЦА. СЕ ОЧЕКУВА ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ОВИЕ ДВЕ БРОЈКИ ДА СЕ ДОБЛИЖАТ ЕДНА ДО ДРУГА

Заклучно со петок, 10 септември, во општина Гевгелија се вакцинирани 11.561 лице, додека ревакцинирани се 8547 лица. Како што велат одговорните од Општата болница Гевгелија се очекува, со ова темпо на вакцинирање, за две недели бројката на граѓани кои ја примиле и втората доза да се доближи до бројката на оние пациенти кои се вакцинирале со една доза. Затоа, тие апелираат до граѓаните, особено до помладите, кои се во моментот најмногу на удар на делта сојот, да се вакцинираат, затоа што вакцината е единствената шанса полесно да го пребродиме овој четврти бран на ковид пандемијата. На тоа укажува и фактот што Гевгелија, со вакцинирани околу 60% од населението со една доза, има најмал број на хоспитализирани и починати ковид пациенти.
Со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, информира Министерството за здравство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *