ВО ГЕВГЕЛИЈА ДЕНЕС ВО 17 ЧАСОТ ИЗМЕРЕНИ ПЕКОЛНИ 44,1 СТЕПЕН ПОД СЕНКА !

Како што пред малку не информираа од метереолошката станица во Гевгелија, денеска, на празникот Илинден, во 17 часот во Гевгелија се измерени 44,1 степени во сенка. Ова е највисоката температура измерена од почетокот на топлиот бран во Гевгелија.Од таму велат дека и во наредниот период, под влијание на многу топлата воздушна маса од југ до четврток ќе продолжи периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Потоа, се очекува благо намалување на температурите. За да биде ситуацијата за гевгеличани уште понеподнослива, околу 16,30 часот во градот снема струја, а сеуште чади гевгелиската депонија, која се запали пред пет дена, што придонесува во ноќните часови граѓаните, и покрај високите температури, да спијат со затворени прозорци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *