ВО ГЕВГЕЛИЈА ДЕНЕС ИЗМЕРЕНИ ПЕКОЛНИ 43,3 СТЕПЕНИ !
Како што не информираа од метереолошката станица во нашиот град, денеска во 17 часот во Гевгелија биле измерени 43,3 степени во сенка. Од таму велат дека и во наредниот период, под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август ќе продолжи периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Во Гевгелија температурите и во наредните денови ќе го надминуваат 43 степен. Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, авредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Остануваат на сила препораките на Министерството за здравство.