ВО ДРАМАТИЧЕН ФИНИШ КОШАРКАРИТЕ НА „ГЕВГЕЛИЈА“ ГО ПОБЕДИЈА ТИМОТ НА „БАСКЕТ КАМ“

Најпријатното изненадување во Третата кошаркарска лига-Исток, тимот на КК „Гевгелија“, на денешното гостување во Скопје, во салата СРЦ „Кале“ извојува победа против екипата на КК „Баскет Кам“ од Македонска Каменица.
Иако беа во водство, речиси во текот на целиот натпревар, сепак дозволија победникот да биде решен во последните две секунди (79-80).
Со оваа победа, гевгелиските млади кошаркари повторно се најдоа на првото место на табелата со 11 победи и два порази.
Во наредното, 15 коло, на 18 февруари, се игра големото дерби на југоистокот, кога гевгеличани гостуваат во Струмица, со директниот конкурент за првото место КК „Струмица“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *