ВО ДОЈРАН СЕ ПЛАНИРА ИЗГРАДБА НА ПРАИСТОРИСКА НАСЕЛБА КАЈ МРДАЈА

Четири куќи, платформа и мостови предвидува проектот за изградба на наколна населба во Дојранското Езеро. Струмичкиот музеј го промовираше идејното решение на кое изминатите месеци работеа нивните архитекти. Александар Цицимов вели дека имало многу непознаници, но, ги проучувале традиционалните локални култури кои сочувале остатоци од градбите а, консултирале и литература со податоци како се градело во тоа време.
Години наназад струмичките археолози го истражуваа локалитетот кај дојранска Мрдаја. Наидуваа на интересни остатоци од градбите во таа праисториска населба како дрвени колци и други материјали.
Првата наколна населба се наоѓала токму кај Мрдаја, на најјужната точка на езерото. Датира од периодот на бронзеното и железното време. Беше откриена случајно, при чистењето на просторот од воениот камп.
May be an image of outdoors
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *