ВО ЧЕТВРТОК, НА 5-ТИ АВГУСТ ТРЕТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира трето адултно прскање по земјен пат против комарци. На 5 август, 2021 година (четвток), третото прскање по земјен пат против возрасни комарци ќе биде извршено во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, во периодот од 20:00 до 04:00 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општина Гевгелија и во останатите општини ова е последниот третман по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *