ВО БОГДАНЦИ ДЕРБИ НАТПРЕВАР НА ПРВАТА РАКОМЕТНА ЛИГА – РК „МЛАДОСТ 1977“ – РК „МАКЕДОНИЈА ЃП“
Во недела, 4 декември со почеток од 14:30 часот во салата на „Млаз“ во Богданци ќе се одигра дерби натпреварот од 12-то коло на Првата македонска ракометна машка лига на сениорската екипа на „Младост 1977“ против РК Македонија од Ѓорче Петров.
Од стручниот штаб на богданчани информираат дека иако тимот се соочува со многу повредени играчи и се очекува тежок натпревар, сепак, тие се оптимисти и, како што велат, со помош на публиката, очекуваат да излезат од овој натпревар како победници.
Инаку тимот на „Младост 1977“ веќе обезбеди Плеј офф и напролет ќе разигрува за влез во Супер лигата. Во моментот Младост се наоѓа на втората позиција на табелата со само еден пораз и со победа ќе го задржи чекорот за борба за првата позиција.