„Трка во Шибеник“ – објава на популарната Фејсбук страница „Дневната доза на просечниот Далматинец,“ со фотографија од желки што чекаат на почетокот на трката, предизвика вистинско воодушевување. На фотографијата ги гледаме малите животни наредени, а пред нив е нацртана стартната линија.
За само неколку часа таа доби неколку илјади лајкови, а граѓаните оставија бројни урнебесни коментари.