Изминатите три дена, гевгеличани, и сите добронамерници кои ја посетија Гевгелија, можеа да го почувствуваат вкусот на југот и познатата гевгелиска гостопримливост. Организаторите, „Крафт продукција“ и Општина Гевгелија на присутните гости им понудија добра забава со вкусување традиционална храна, пијалоци и уживање во музичкте настапи на домашните музички уметници, фолкорни групи и stand-up шоу.
Исто како и на првите два, и на третиот, завршен ден од оваа втора по ред манифестација, најмладите ги пееја рефрените од фестивалите „Калинка“ и „Евро-порта фест“, уживаа во играта на танцовото студио „Мистик“, љубителите на фолклорот аплаудираа на играорната виртуозност на членовите на „Бојмија“, сите се смееја на гевгелискиот хумор на Дејан Малзарков, додека поп-рок звуци донесоа Мартин Костадинов Бенд, Пајак и Лара, виртуозот на гитара со своето трио-Влатко Стефановски и битолчаните „Паркети“.