Синоќа, на платото пред Народниот театар во нашиот град, во организација на Дом на култура Гевгелија, настапија членовите на бендот Квинтето, Игор Бакревски – кларинет, Владимир Лазаревски – обоа, Кристијан Кожумановски – бас гитара, Благоја Антовски – тапани и Марко Виденовиќ – виола, клавијатури, кои со својот репертоар ги разгалија душите на присутната публика.
Музиката на Квинтето е своевидна магична фузија на етно-џез, cross over, а понекогаш и со примеси на класика. Уникатната комбинација на инструменти – што ги вкрстува класичните тонови на обоа и виола со популарните ритми на бас гитара и тапани, надополнети со кларинет – создава извонредна палета на музички бои што го дефинираат препознатливиот звук на овој состав.