ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОДГОТВЕНА ДА ГИ ЕВАКУИРА КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ ОД КАБУЛ.

Британскиот министер за одбрана Бен Волас изјави во средата дека ќе одобри воздушна евакуација на кучиња и мачки од Кабул, каде што ги згрижил поранешен маринец кој изнајмил авион за да ги евакуира своите авганистански соработници и животните.
Додека илјадници Авганистанци очајнички се обидуваат да ја напуштат земјата по доаѓањето на власт на талибаните, стравувајќи дека повторно ќе почнат да ги прогонуваат своите противници, споменатото прашање веќе неколку дена е тема на јавната дискусија во Велика Британија и доказ за голема приврзаност на нејзините граѓани на животните, пишуваат тамошните медиуми.
„Доколку дојде со своите животни, ќе побараме ‘слот’ за неговиот авион“, напиша министерот Волас на Twitter во врска со заложбата на Пол Фертинг, поранешен војник кој отворил засолниште за кучиња и мачки во Кабул и сега сака да извлече од Авганистан околу 140 кучиња и 60 мачки, како и своите авганистански соработници и нивните семејства.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *