ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРА ВО ГЕВГЕЛИЈА НА ФИЛМОТ „БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“

Во Народниот театар- Гевгелија, денеска (17 октомври 2024 година), ќе се прикажува филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски. Емитувањето ќе започне во 20:00 часот и е наменет за лица на возраст над 16 години. Влезницата чини 150 денари. Билетите се пуштени во продажба, а можат да се набават во Народниот театар- Гевгелија, од 08:00 до 15:00 часот и пред почетокот на емитувањето. Имено, приказната на следи новинарка која, опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа на трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги играат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Снимен е со поддршка на Mакедонската aгенција за филм.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *