Вечерва, четврток, 11 јули 2024 година, гевгелиското културно лето продолжува со Музички перформанс на денс-групата „Дива“- Гевгелија.
Под менторство на Марија Граматикова, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:30 часот, членовите ќе се претстават со кореографии на музичка подлога од „Мозаик Колектив“. Преку приказната за девојката Утопија, низ игра и музика ќе ги одведат присутните со отворени очи во земјата на соништата, пренесувајќи им пораки да бидат храбри и да веруваат дека сè е возможно.