Вечерва, 26 август, понеделник, во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во 18 часот ќе се отслужи мало повечерие со читање на Акатистот кон Пресвета Богородица.
Акатистот е поетско дело, им се припишува на свети Јован Дамаскин (икосите) и свети Јосиф Химнограф (тропарите). Акатистот есоставен од 12 кондаци и 12 икоси, наредени според редоследот на алфавитот (грчката азбука) после кои народот пее „радувајсе невесто неневестна“ и „алилуја“.
Се смета дека химната „Тебе Богородице Војвотко“ е испеана во Цариград од страна напатријархот, клирот и верниот народ, како молитва и молба кон Пресвета Богородица, да го заштити нивниот град од нападите на незнабошците, и Богородица која бдее постојано за сите христијани
Веднаш по Акатистот ќе се изврши и чинот на благословување и осветување на петолебие. Петтолебие е чин на благословување на лебот, пченицата, виното и маслото.