ВЕЧЕР СЕ СЛАВИ СТАРА НОВА ГОДИНА, А УТРЕ ВАСИЛИЦА И ОБРЕЗАНИЕ ГОСПОДОВО

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

Според обичаите, за Василица семејството се собира на трпеза и се крши погача или пита со паричка. Симболиката на паричката е дека на оној што ќе му падне, ќе има среќна и бериќетна година.
За разлика од лепчето за Бадник кое по правило е посно, лепчето за Василица е мрсно може да биде мазниче, погача, пита… Традиционално на нашите простори тоа е мазниче.
Трпезата за овој празник е мрсна, традиционално се пали оган за овој празник или истиот се слави во рамките на домот.
 
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија. Така ќе биде и во Гевгелија, во црквата Свети Кирил и Методиј, а по завршувањето на литургијата ќе се разделат мали просфори, а во една од нив ќе има благословен златен крст.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *