ВЧЕРА, ПРЕКУ ГП БОГОРОДИЦА ЗА ГРЦИЈА, НА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ЗАМИНАЛЕ 2000 МАКЕДОНЦИ. СЕ ПРИЗНАВААТ И АНТИГЕН ТЕСТОВИТЕ

Во текот на вчерашниот ден низ ГП Богородица транзитирале 3500 патници од кои 2000 македонски и 1480 странски, меѓу кои најбројни биле државјаните на Србија, соопштија од дежурната служба на ГП Богородица. Од отворањето на граничниот премин Евзони, на грчка страна, изминативе седум дена преку Богородица на дневно ниво транзитирале во просек по 1300 до 1400 патници на излез и влез во земјава.
И денеска од утринските часови состојбата на ГП Богородица е непроменета.
 
Интензитетот на преминување на границата е ист без поголема сообраќајна гужва поради разреденото пристигнување на возилата.
Освен што треба да имаат вакцинален картон со поминати најмалку 14 дена од примена втора доза од вакцината, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, пополнет ПЛФ образец 24 часа пред тргнување на пат од пред некој ден грчките гранични служби ги признаваат и антигените тестови и потврдите за прележана болест.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *