„ВАСО КАРАЈАНОВ“ ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ СТО ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА СВОЈОТ ПАТРОН

СО КОНЦЕРТНА ПРОГРАМА ОД 22 ДО 24 ДЕКЕМВРИ, ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ СТО ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА СВОЈОТ ПАТРОН

ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, по повод 100-годишниот јубилеј од раѓањето на Васо Карајанов, организира богата концертна програма. Во периодот од 22 до 24 декември, 2021 година, Музичкото училиште, својот Патронен празник ќе го одбележи со повеќе концертни активности во Народниот театар Гевгелија и во хотел „Аполонија“, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

На 22 декември, со почеток во 17:00 часот, во Малата сала на Народниот театар, ќе биде одржан Новогодишниот концерт на Музичкиот оддел. Додека, истиот ден, со почеток во 19:00 часот, во Големата сала на Народниот театар, Балетскиот оддел ќе настапи со програма по повод завршувањето на 2021 година.
Во Малата сала на Народниот театар, на 23 декември, со почеток во 17:00 часот и 19:00 часот, свои настапи ќе имаат учениците по виолина во класата на професор Маја Зафирова и учениците по пијано во класата на професор Владо Сапламаев.

На 24 декември, со концертни дела ќе настапат учениците по флејта во класата на професор Сузана Стефанова и учениците по виолина во класата на професор Соња Панова, во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 17:00 часот. Одбележувањето на Патрониот празник на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија ќе заврши истиот ден, со концерт на млади музички таленти, во хотел „Аполонија“, со почеток во 18:00 часот.

 Ќе настапат: Љубица Улиш, Никола Павлов и Мими Дучева на пијано, Пандорка Јанаќиева на флејта и Теа Пејиќ мецосопран.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *