ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ И МИЈАЛЧЕ АНДОНОВСКИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА „ЧУПИНО ВЕРТИКАЛ ТРЕИЛ“ ЗИМСКАТА ТРКА ВО ВИНИЦА
Членовите на АК „7-ми Ноември“ Валентина Узунова, Методија Ичев и Мијалче Андоновски, во недела, 20-ти февруари 2022 година, ќе бидат дел од 150 учесници на „Чупино вертикал“ зимската трка..
Чупино вертикал е трка во дисциплината вертикален километар во која натпреварувачите искачуваат околу 1 км висинска разлика во должина од максимум 5 км со дозволена отстапка од 5-10%.
Tрката е со должина од 5500 м и висинска разлика од 1030 м. Стартот е од центарот на с. Блатец во 10.00 часот, а финишот на врвот Чупино, Плачковицва, без временско ограничување.
Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое јасно ја обележува Виница на спортската мапа на Балканот.
Организаторите најавуваат интересна трка која ќе се одвива со запазување на сите здравствени протоколи за превенција од Ковид-19
Прогласувањето на победниците ќе биде во с. Блатец каде по завршувањето на трката ќе има топли пијалоци, и храна за сите учесници.