ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, НИКОЛА КОВАЧЕВ И КРИСТИНА УЗУНОВА ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВЕЧЕРВА НА МЕМОРИЈАЛНАТА ТРКА ВО ЧЕСТ НА МИЛЕ ЈАНЕВСКИ-ЏИНГАР ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА.
Тројца атлетичари, членови на АК „7-ми Ноември“ ќе учествуваат вечерва на Меморијална атлетска трка а по повод 50 години од раѓањето на Миле Јаневски Џингар, во Македонска Каменица. 18:00 часот, на 24. 07.2021 година, е резервиран термин за почеток на атлетската трка од 10 километри, која започнува од местото на раѓање на Миле Јаневски Џингар во село Костин Дол (маало Ума) и завршува пред неговиот споменик во Паркот на борците во Македонска Каменица. Трката во природа ќе биде организирана според безбедносните протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите. „Миле Јаневски е роден во село Костин Дол, Македонска Каменица на 24.07.1971 година. Син на скромното семејство на мајката Душка и таткото Бранко, Миле со својата сопруга и синот единец, го привлече униформата на македонската армија. Како водник во БСН Волци, во служба на безбедносните сили во одбрана на територијалниот интегритет на земјата, загинува кај Вејце, Тетовско, на 28 април 2001 година. Миле Јаневски – Џингар посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија“.