Македонската У-19 репрезентација денес ќе игра за победничкиот пехар на Трофеј Карпати 2023 против домашната репрезентација на Романија.
Вчера, македонските јуниори ја совладаа репрезентацијата на Словачка а денес ќе играат за првото место.
На мечот со Словачка, македонските јуниори прикажаа одлична игра, и без проблеми стигнаа до двоцифрена победа. Најефикасен во оваа победа беше Узунчев, кој постигна 10 голови.