УТРЕ ЗАВРШЕН ПЕРФОРМАНС „MYSTIC SUMMER DANCE SHOW 2021“ НА СТУДИОТО ЗА ХИП ХОП И МОДЕРЕН ТАНЦ „MYSTIC“

Утре, петок, 25 јуни 2021 година, на Ракометното игралиште на Градскиот стадион во Гевгелија, традиционално, свој годишен концерт ќе приреди првото танцово студио за хип хоп и модерни танци од Гевгелија „Мистик“.
Членовите на ова студио, кое е формирано во 2008 година во просториите на Пионерскиот дом во Гевгелија, под раководство на Александар Аврамов, и овој пат ќе се претстават пред гевгеличани со кореографии инспирирани од урбаната и поп културата на денешницата, оригинални и својствени за Мистик. Концертот започнува во 21 часот а билетите,кои се во ограничени количини чинат 100 денари.
Еве што по тој повод ни изјави раководителот на ова студио Александар Аврамов, кое со своите настапи во земјава и во странство, претставуваат вистински музички репрезент на модерниот танц
„Претходната година (2020) сите нè затекна неподготвени и главните проекти на Мистик останаа нереализирани. Оваа година иако постои преполовување во членството на Мистик, бевме спремни да го дадеме на градот она што е наш заштитен знак, а тоа не се натпреварите и настапите надвор, туку целовечерен концерт на којшто го славиме танцот во Гевгелија. Оваа година знаевме дека предизвиците со пандемијата ќе продолжат. Но, не смеевме ни да дозволиме целиот труд, сите идеи и креирања да останат само за нас. Што се однесува до часовите и тренинзите, имавме комбинирана настава. Дел од учениците доаѓаа во студио во периодот кога беше дозволено, дел од учениците посетуваа часови исклучиво онлајн. Главните подготовки за завршната претстава се одвиваа на отворен простор, во парк и терени за спорт.
Иако бројот на членови е помал од вообичаениот за нашите завршни претстави, не дозволивме квалитетот да биде компромитиран. Материјалот којшто го креиравме е современ и инспириран од урбанта и поп културата на денешницата, а во исто време е оригинален и својствен за Мистик. “

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *