УТРЕ, САБОТА, СО ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „КУФЕРКО, СВЕТСКИОТ ПАТНИК ОД МАКЕДОНИЈА“ ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗАВРШУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО.

Во рамките на одбележувањето на Светската недела на детето, во сабота, на 9 октомври, во Големата сала на Народниот театар, со почеток во 18:00 часот, пред најмладата гевгелиска публика ќе биде одиграна „Куферко, светскиот патник од Македонија“, во режија на Трајко Јордановски, а по текст од истоимената книга на м-р Симона Ристевска. Во претставата играат: Билјана Дабеска, Билјана Бајевска, Невен Силјановски, Мартина Аврамовска, Симона Јовчевска, Агим Бафтии и Маја Стојанова. Низ актерската игра, преку патувањата на малиот љубопитен Куферко, децата ќе се запознаат со неговиот волшебен свет и посетите на значајни места во државата, а ќе го го збогатат знаењето за разновидноста на нивната татковина.
– Куферко, светскиот патник од Македонија, е мало и љубопитно, темпераментно срамежливо куферче, олицетворение на децата или на детето кое постои во секој од нас. Тој е симбол и спој на македонската традиција и историја, јазикот и културата, хуманоста и етиката. Нашиот верен и искрен другар, кој на лесен и забавен начин ќе не воведе во неговите секојдневни активности и лудории, преку дестката игривлост и наивност и на позитивен начин ќе не воведе во својот волшебен свет, вели Симона Ристевска, за својот лик од нејзината книга.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *