УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА АК „7“-НОЕМВРИ“ НА ПЛАНИНСКАТА ТРКА „MOMATA ROCK TRAIL“ ВО ПРИЛЕПВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО ВО КОНКУРЕНЦИЈА НА ВЕТЕРАНКИ, ДОБАР НАСТАП ИМАА НИКОЛА КОВАЧЕВ, МЕТОДИЈА ИЧЕВ И МИЈАЛЧЕ АНДОНОВСКИ

Momata Rock Trails е спортски настан од натпреварувачко-рекреативен карактер кој оваа година по седми пат се одржа на падините на прилепската планина Селечка. Лоцирана е на западната падина и дел од сртот на Селечка Планина, по делници кои истовремено нудат одличен терен за планинско трчање и услови за прекрасни глетки на околината од Прилеп со остатокот од неговите планински и врвични горделивци, од едната страна, и дивата убавина на мариовскиот „згаснат вулкан“ од друга страна, со раскошен поглед кој се протега до планините Ниџе и Кожуф, кога се движите по секторот кој е трасиран по сртот од Селечка.
Момата – Маркови кули – Трескавец, вечно тројство, Прилеп долу минлив сведок на тоа карпесто возвишено тројство. Во таков амбиент, почитувајки ги сите здравствени протоколи, и покрај студеното време, на двете трки, на 20 и 10 километри, учество зедоа над 150 натпреварувачи од земјата.
Екипата на АК „7-ми Ноември беше во состав Валентина Узунова, Никола Ковачев, Методија Ичев и Мијалче Андоновски. Momata Rock Trail 20 е планинска трка со динамичен интензитет, пред сè поради својата должина од 20 километри, и релативно предизвикувачки висински профил со вкупна позитивна надморска висина од 1.100 метри. На неа настапија Узунова и Андоновски.
Momata Rock Trail 10 е кратка по должина планинска трка со средно тежок технички профил на патеката која се движи по ниските делови од Селечка Планина, во пределот над манастирот Свети Димитрија, с. Селце, во близина на Прилеп, низ потесната област околу познатата карпа Момата. На оваа трка учествуваа Ковачев и Ичев.
Сите четворица гевгеличани ги завршија трките, а голем успех постигна Валентина Узунова, која го освои првото место во конкуренција на ветеранки, на трката на 20 километри со време од 3 часа и 9 минути.
Momata Rock Trail,е во организација на Здружението за атлетски и планински спортови „Единак“ од Прилеп, а во соработка и со поддршка од пријателското здружение Trex.
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *