УСПЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА И ФОНДАЦИЈА АПОЛОНИЈА

Вчера, среда, 17.04.2024 година. ООЦК Гевгелија и Фондација Аполонија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ја реализираа традиционалната крводарителска акција – “Аполонија – ден на крводарувањето”.

Крводарителската акција се одржа во просториите на хотел Аполонија, а гевгеличани повторно ја покажаа својата хуманост. Во периодот од 10 до 16 часот, вкупно крв даруваа 67 крводарители (вработени и граѓани).
 
ООЦК Гевгелија изразува благодарност до сите крводарители кои несебично ја поддржуваат хуманата мисија за спас на човечки живот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *