Организаторите на битолскиот најмасовен спортски настан, трката „ТРЧАЈ БЕ“, го организираа денеска, 12 септември, третото издание во градот под Пелистер. Оваа градска трка, на која учествуваа над 800 тркачи, која досега имаше од по пет и 10 километри трки, годинава организираше уште една трка, трка во полумаратон 21 километар, која воедно беше и Балканско првенство во оваа дисциплина, со што „ТРЧАЈ БЕ“ за краток временски период покажа дека умее да направи вистински трчачки спектакл кој брзо расте и се развива.
На трката учество зедоа и членовите на АК „7-ми Ноември“, Тоше Анчев, Никола Ковачев, Валентина Узунова, Кристијан Прошевски, Игор Коцевски, Драган Ристов, Данче Крајчева, Ангел Делиќ, Русимка Динева, Кристина Узунова, Магдалена Јованова, Атанас Епов, Ристо Чалков, Стојан Делев и Дарко Прошевски од Клубот, како и Цеца Србова и Цеца Нечевска, ќе ги бранат боите на Гевгелија на оваа голема меѓународна трка, на која учество ќе земат над 1000 тркачи од земјава и од странство.
Сите тие успешно ги завршија своите трки, со што докажаа уште еднаш дека клубот успешно се развива и станува респектабилен на македонската атлетска сцена.
Во трката на 5 километри, кај мажите, Атанас Епов го освои четвртото место со резултат од 17 мин и 06 секунди, Стојан Делев беше 10 со време од 18 минути и 50 секунди, а веднаш зад него се пласираше и Ристо Чалков, додека кај жените Цеца Србова го освои високото второ место со време од 21 мин и 55 сек.
На 10 километри, Тодор Анчев беше 8 со време опд 39 мин и 44 сек а Никола Ковачев се пласираше на 16 место.
Екипно, тркачите на АК „7-ми Ноември“ го освоија 3 место.
На Балканското првенство во полумаратон се натпреваруваа тркачи од Македонија, Турција, Косово, Бугарија, Романија, Хрватска, Албанија и Србија.