Од Општина Гевгелија ги известуваат родителите дека уписот на ученици во прво одделение е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2024 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжително за сите деца родени во текот на 2018 година и за оние кои сакаат за деца родени во текот на јануари 2019 година.
Родителите се должни при уписот, да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
– ООУ “Крсте Мисирков“-Гевгелија 078/447-373
– ООУ “Владо Кантарџиев“-Гевгелија 075/542-235
– ООУ “Климет Охридски“-Миравци 070/670-440
– ООУ “Ристо Шуклев“-Негорци 078/232-499