ПРОБЛЕМОТ СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА НА ЈУГОИСТОКОТ НЕМА ДА СЕ РЕШАВА РЕГИОНАЛНО

ПРОБЛЕМОТ СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА НА ЈУГОИСТОКОТ НЕМА ДА СЕ РЕШАВА РЕГИОНАЛНО, СЕКОЈА ОПШТИНА ЌЕ ГО РЕШАВА САМОСТОЈНО

Јавно препријатие за заловување и третман на уличните кучиња во Југоистокот Астра Луна ке се ликвидира откако на последната седница на Советот на Југоисточниот плански регион не се согласија градоначалнциите од 10- те општини од овој дел на државата да стартува со работа на регионално ниво. За добар дел од новите градоначалници концептот и моделот за работа на ова претпријатие бил непрактичен со оглед дека стационарот бил изграден во Струмица па дале зелено светло општина Струмица да ги превземе основачките права на прептријатиеот кое требаше да го реши проблемот со кучињата скитници.

„Сметавме дека целиот проект е неиздржан и нефункционален за регионално ниво. Одлучивме секоја општина преку Советите да донесе одлука да се ликвидира ова регионално јавно претпријатие за да можеме да го префрлиме на општина Струмица која изрази интерес да го преземе. За возврат, Струмица треба да ги поврати основачките влогови на останатите општини“,  изјави по тој повод Андон Сарамандов, претседател на Советот на Југоистoчниот плански регион кој подвлече дека општините од Југоистокот и понатаму проблемот со кучињата скитници ќе го решаваат индивидуално со ангажирање на приватни фирми преку тендери.

Затоа, на наредната , четврта седница на Советот на општина Гевгелија на дневен редд ќе се најде  Предлог-Одлуката за престанување со работа и ливидација, промена на назив на фирма, промена на скратен назив на фирма и назначување на ливидатор на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња “АСТРА-ЛУНА” – Струмица,

За оваа година општините Дојран , Гевгелија, Богданци и Валандово имаа склучено договори со фирмата ,,Анри Вет’’од Стојаково. Согласно Гевгелија третманот на кучињата скитници ја чини 9.500 евра, Богданци 5.500, Валандово околу 4.800 и Дојран 2.500 евра.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *