УЛИЦАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЌЕ ГО ПОВРЗЕ БУЛЕВАРОТ ГЕВГЕЛИЈА СО „МОИНСКИ ПАТ“ КАЈ ДИНЌУТ

Деновиве, активно се работи на подготовките за изградба на Западниот булевар во општина Гевгелија- улицата „Св. Климент Охридски“. Имено, градежната фирма „Еуроинг“ со својата механизација започна со изведбените работи за расчистување на теренот каде ќе се простира Западниот булевар, односно отстранувањето дрвја и чистењето хумус.
Скоро една деценија се зборува за изградба на улицата „Свети Климент Охридски“ во Гевгелија, поточно, продолжување на булеварот „Гевгелија“ и неговиот западен крак, од колективната станбена зграда, позната како „Грчка“, на Караорман, па се до Динќут. Со изградба на оваа значајна сообраќајница ќе се создадат услови за дислокација на товарниот сообраќај од центарот на градот, кој досега се одвиваше преку улицата „Петар Мусев“. Во првата фаза од оваа улица, со должина од 1230 м., предвидено е изведување на припремни работи, изведба на долен строј и дел од горен строј на улицата по целата должина и спојување со „Моински пат“ кај Динќут.
Средствата за оваа улица се обезбедени од доделените 900.000 евра од Светска банка, кој грант се реализира преку програмата на Министерството за транспорт и врски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *