УХМР ПРЕДУПРЕДУВА, ДОАЃААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека времето наредните денови ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, што локално ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи .
Во Гевгелија утре, понеделник, 11 март времето ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни (над 20 l/m2), проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 70 km/h). Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.
Поради ова, Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира да се одржуваат и чистат локалните канали за одводнување и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *