УЧИЛИШТАТА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЦЕЛОСНО ПОДГОТВЕНИ ЗА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО. ВАКЦИНИРАНИ СЕ НАД 80 ПРОЦЕНТИ ОД НАСТАВНИОТ КАДАР.

Од утре, официјално започнува новата учебна година. Училиштата од општина Гевгелија се подготвени за прием на учениците, по донесената Одлука на Владата на РМ, наставата во новата учебна година да биде со физичко присуство на учениците.
Околу подготовките и разгледување на условите за реализацијата на наставата со физичко присуство во општина Гевгелија за време на пандемија претходеа неколку „онлајн “состаноци помеѓу градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и претставници на општинската администрација од Одделението за образование со министерката за образование, Мила Царовска, како и онлајн-состаноци со директорите на гевгелиските образовни институции во врска со спроведување на Протоколите за постапување на основните училишта и средното училиште. Заклучено е дека со оглед на процентот на вакцинирано население во општина Гевгелија, кое изнесува над 60 проценти, како и вакцинираниот наставен кадар од училиштата кој е над 80 проценти, нема никакви пречки наставата да биде реализирана со физичко присуство.
За таа цел, се ставени во функција сите влезови на училишните згради, обезбедени ресурсите за мерење температура, а по ходниците се поставени едукативно информативни материјали и насоки за заштитата на здравјето и безбедност во училиштето. Исто така, претставниците на општинската администрација од Одделението за образование извршија увид во хигиенскотехничките услови.
Во пресрет на враќањето на учениците во училишните клупи, во ООУ: „Крсте Мисирков“, „Владо Кантарџиев “, „Ристо Шуклев“- Негорци, „Климент Охридски“- Миравци и нивните подрачни училишта во населените места, ООМУ „Васо Карајанов“ како и во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училишните објекти. Обезбедени се сите хигиенски и дезинфекциони средства и останатите потребни ресурси за доследно почитување на протоколите и заштитните мерки, и за учениците и за вработените.
За приемот на првачињата и пристигнувањето на останатите ученици од погорните одделенија од страна на училиштата е изготвен распоред, истакнат во училиштата, со цел избегнувањето гужви и запазување на мерките за пропишаната дистанца. На ниво на сите училишта, за првпат во училишните клупи ќе седнат 234 првачиња, кои ќе добијат симболични пакетчиња за успешен премин во основно образование.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *