УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ПРЕД ЈАВНОСТА ГИ СПОДЕЛИЈА ИСКУСТВАТА ОД ПОСЕТАТА НА ПОРТУГАЛИЈА ВО РАМКИ НА ДВА ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

Минатата недела, пред присутните во училишната сала, ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја споделија фотогалеријата од дисеминацијата на проектите: „Иновативни бизнис практики“ реализиран од секторот Економија, право и трговија и „Иновации и двигатели на мехатрониката во автомобилската индустрија“ реализиран од секторот Машинство во рамките на програмата „Ерасмус +“ во Барселос, Р. Португалија.
 
Имено, во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, училиштето СОУ „Јосиф Јосифовски“ го доби проектот ИНОВАЦИИ И ДВИГАТЕЛИ НА МЕХАТРОНИКАТА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА, за секторот машинство, квалификација – машински техничар за моторни возила и проектот ИНОВАТИВНИ БИЗНИС ПРАКТИКИ, за секторот Економија, право и трговија, квалификација – економски техничар/бизнис администратор, со што ја имаме можноста да реализираат мобилност во Барцелос – Р.Португалија, во соработка со партнерската организацијаMobilityFriends https://mobilityfriends.org/во периодот од 17.9. – 30.9.2023година, преку која тие развија различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања, конкурентност на пазарот на труд и размена на искуства и знаења.
 
Младинската мобилност е неопходна за развој на претприемнички компетенции и зајакнување на учење засновано на пракса меѓу учениците, а севкупната меѓународна соработка и размена на знаење е особено важна за градење на капацитетите кај наставниот кадар.
Оваа мобилност им овозможува на учениците да стекнат знаења, вештини и навики кои се потребни за вршење на работата во рамки на квалификацијата и оспособување за брзо вклучување во процесите на конкретна технологија на работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *