УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ПО ТРЕТ ПАТ НАГРАДЕНИ НА ПОЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ЗАМОКОТ НА ДУИНО“ ВО ТРСТ, РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА

Учениците од СОУ ,,Јосиф Јосифовски” по третпат се наградени со почесна награда на престижниот светски поетски фестивал ,,Замокот на Дуино” во Трст, Република Италија, за училиштен проект со наслов: Носталгија. Фестивалот е организиран од Poesia e Sоlidarieta во соработка со Универзитетот на Трст, Департман за хуманистички науки, и Центарот за меѓународни студии и документирање на култура за млади. Настанот вклучува бројни активности од областа на литературата и сликарството, во кои партиципираат учесници од голем број земји од светот.
 
Еве што, по овој повод ни изјави професорката по македонски јазик од ова училиште, Жаклина Атанасова:
„Почесната награда на овој престижен фестивал ја добиваме веќе по трет пат. Првиот пат присуствувавме на доделувањето на наградата во Трст, вториот пат доделувањето се одложи заради пандемијата, а се надеваме дека оваа година ќе можеме повторно да го посетиме овој фестивал.
Насловот на зададената тема, вели Атанасова, беше : „I miss you so much: Nostalgia“ Проектот е во категоријата училишни проекти и е со наслов ,,Носталгија”. Во изработката, со свои песни и ликовни илустрации. учествуваа сите ученици од I 4 клас. Сакам да кажам дека за нас ова е уште едно признание кое предизвикува огромно задоволство кај учениците и кај мене, како нивен класен раководител, се разбира.“
 
Оваа година Фестивалот го доживува своето XVII издание, а свеченото доделување ќе се одржи на 19 март 2022, во Трст.
Поетските дела ги оценува меѓународна жири-комисија, а на Фестивалот, во повеќе категории, учествуваат илјадници автори од целиот свет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *