УЧЕНИЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2015-2024

ТЕОДОРА СЕИЗОВА, ООУ „ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ,
АНГЕЛЧЕ ПЕШОВ, ООУ „РИСТО ШУКЛЕВ“,
ЕЛЕНА АНЧЕВА,ООУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“,
РОСИЦА МИТРОВА, ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
 
Од страна на Наставничките совети, прогласени се учениците на генерација 2015-2024 во основните училишта во Општина Гевгелија, за покажани високи достигнувања во текот на нивното школување и постигнати резултати на државни натпревари во повеќе наставни предмети. Честитки за сите нив и многу успех во нивното натамошно школување.
Елена Анчева во име на сите првенци порачува:
 
„Ништо не е тешко кога се работи континуирано со љубов и трпение. Имаше секако и тешки моменти, но кога имаш јасна цел кон која тежнееш ќе направиш сѐ за да ја постигнеш. Ништо не е невозможно и недостижно и знаејќи го тоа никогаш не се откажав од мојот сон кој денес е реалност. И затоа би им порачала на сите да не се откажуваат од своите соништа и да веруваат во себе дури и кога нема никој покрај нив, бидејќи патот кон врвот е секогаш тежок и токму поради тоа на него има место само за најдобрите“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *