ТРОЈЦА ИГРАЧИ НА РК „МЛАДОСТ 1977“ НА СПИСОКОТ НА МАКЕДОНСКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Од страна на Ракометната федерација на Македонија, по избор на селекторот Радослав Стојановиќ објавен е скратен списокот на младинската машка репрезентација за играчи родени 2004 и помали кои ќе одиграат неколку пријателски средби следната недела против репрезентацијата на Хрватска.

На скратениот список се најдоа тројца играчи на РК „Младост 1977“ од Богданци, кои веќе имаат сениорски искуство и кои минатата сезона беа дел од најдобрите седум на Ф-4 Ол Стар тим на македонската младинска лига.
 
Николоски Антонио (лев бек), Чрчев Илија (пивот) и Панов Благој (голман)
Вложувањето на тренерите и одличните постигнати резултати на овие играчи се забележани и од селекторот, а од нивниот клуб им посакуваат големи успеси, и достојно представување на РК Младост 1977 во дресот на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *