ТРИФУН ХАЏИЈАНЕВ, МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР ОД ВОДЕН:

„ВO 1924 ГОДИНА СОЦИЈАЛИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА ГО ПРИФАТИ ПРАВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА СОЗДАВАЊЕ СВОЈА ДРЖАВА“
 
На Третиот вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Грција, одржан на 26 ноември 1924 година учествуваше и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев, револуционер роден во Воден, и тоа како делегат на воденската организација. На овој конгрес грчката партија ги прифати решенијата на Коминтерната за правото на самоопределување, а во таа смисла и за правото на македонскиот народ за создавање сопствена држава.
Основното нерешено национално прашање што се појавило во Грција по Балканските и Првата светска војна, секако било македонското национално прашање. Огромното мнозинство на населението што живело во егејскиот дел на Македонија било од негрчко потекло (77,50%) и традиционално живеело на македонска етнографско-историска територија.
 
Ius solis (правото на македонската историска територија), како и ius civitas (правото на македонската нација), барало соодветно (македонско) третирање и решавање на македонското национално прашање. Правото на македонската историска територија, како и правото на македонската нација на сопствена земја, уште повеќе се засилувало зашто во корист на македонскиот народ пледирал и македонскиот историски легитимитет. Грчкото население што живеело во егејскиот дел на Македонија било реално малцинство и претставувало 22% од целокупното население во егејскиот дел на Македонија и само 10% од населението на етнографска Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *