ТРИЕСЕТТИНА АТЛЕТИЧАРИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ЗЕДОА УЧЕСТВО НА КАВАДАРЕЧКИОТ ПОЛУМАРАТОН

Денеска, недела, 10 Март 2024 година во организација на Меридијан Атлетик Еко Клуб и во соработка со Општина Кавадарци се одржа шестиот Кавадаречки Полумаратон.
Во трката земаа учество повеќе од 600 тркачи во сите категории (детска трка, 5км, 10км и Полумаратон). Меѓу нив се најдоа и триесеттина атлетичари од гевгелискиот клуб „7-ми Ноември“, кои учествуваа во сите трки, и со тоа уште еднаш докажаа дека се еден од најактивните спортски клубови во Гевгелија, но и во Македонија.
Најдобро пласиран од гевгелиските атлетичари беше Влатко Семенаков, кој го освои 10-то место во трката на 5,3 километри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *