Голема трагедија се случи вчера попладне, во населеното место Негорци, за време на силното невреме, проследено со грмотевици и град што го зафати гевгелискиот регион.
Од МВР соопштија дека вчера во 15.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во атар на с.Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција.