ТРАДИЦИОНАЛНО, ЗАКРОЈУВАЊЕТО НА ЛОЗЈЕТО ВО ГЕВГЕЛИСКО СЕ ИЗВРШИ ВО ЦРКВАТА „СВЕТА ПЕТКА“ ВО ПРДЕЈЦИ

Со повеќе манифестации и свечености Денот на лозарите – Свети Трифун, во општина Гевгелија традиционално се одбележа во црквата „Света Петка“ во селото Прдејци, каде по традиција се изврши закројување на лозјето во црковниот двор и на околните плантажи. Голем број верници, гости, меѓу кои и градоначалникот Андон Сарамандов и претставници на локалната самоуправа, присуствуваа на свечениот чин посакувајќи им на лозарите да имаат плодна и бериќетна година, со надеж дека лозарството во иднина ќе биде доминантна гранка во општина Гевгелија.

Закројувања со пригодни дружења денеска беа организирани и на приватните лозови насади, како и на лозовите плантажи на најголемиот производител на винско грозје и наливно вино „Ригоимпекс“, како и на најголемиот производител на трпезно грозје во регионот „Витторија“ од Гевгелија.
 
Лозовите насади во Гевгелиско се застапени на површина од 1.000 хектари, а општината располага со капацитет за производство на 15 милиони литри наливно вино наменето за извоз.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *