ТРАДИЦИОНАЛНО ИСКАЧУВАЊЕ НА ВРВОТ „ДВЕТЕ УШИ“ ВО ЧЕСТ НА ТОМЕ ШУТОВ-КРОТКИ

Изминатиот викенд, во неделата на 19-ти ноември, по 10-ти пат ЗПСК КОЖУФ Гевгелија го организираше патрoнатот на својот Планинарски дом, кој се наоѓа во село Конско на падините на Кожуф Планинна. Домот го носи името на долгогодишниот член на ова планинарско друштво, Томе Шутов – Кротки од Стојаково кој како планинар и член на ЗПСК Кожуф има реализирано многу планинарски акции во нашата држава и низ Балканот. Постарите планинари го паметат како еден позитивен лик, секогаш насмеан и спремен за акција.
Планинарската акција започна од Планинарскиот дом “Томе Шутов – Кротки” – преку Манчева Пресека – Сиглица – Врв Двете уши (1766 м.н.в) по доста студено и ветровито време. Силниот ветар и студот не ги спречија планинарите од сите краишта на Македонија, како и гостите од Бугарија, да се искачат на врвот и да уживаат во првиот снег оваа година и прекрасните видици што се пружаат од врвот Двете уши.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *